Тројца државјани на Македонија во притвор во Црна Гора – направиле измама за 1.500 евра

Одредени притвори за државјани на Северна Македонија кои се осомничени за измама
Со измама оствариле корист од 1.500 евра

Основното државно обвинителство во Подгорица (ОД) донесе решение за притвор на тројца државјани на Северна Македонија, В.Д. Д.С. и Ф.Д.

Според соопштението на обвинителството, тие се сомничат дека сториле кривично дело измама.

Наведеното кривично дело е сторено по претходно изработен план, па од оштетениот е прибавена противправна имотна корист во износ од 1.500 евра“, велат од обвинителството.