Тројца загинаа откако Google Maps ги однел по недовршен мост

Три лица загинаа во сообраќајна несреќа во Индија во неделата додека, наводно, ги следеле упатствата од апликацијата за навигација на Google, објавија локалните медиуми, повикувајќи се на полициски извори.

Нивниот автомобил излетал од мост на кој се вршеле големи поправки и подоцна бил пронајден од локалното население.

Браќата Нитин и Аџит, двајцата 30-годишни, и Амит, 40, патувале од Ноида, град во државата Утар Прадеш, на околу 20 километри југоисточно од Њу Делхи, до Фаридпур за да присуствуваат на свадба. Наводно, Google Maps го насочил возачот кон недовршениот мост, кој имал дел кој се урнал поради претходна штета од поплавите. На мостот немало наместени бариери или предупредувачки знаци.

Тројцата не приметиле дека мостот е недовршен поради густа магла.

Четворица инженери се приведени во полиција во врска со несреќата, објави во понеделникот новинската агенција PTI, пренесува RT. Под истрага е и регионалниот службеник на Google Maps, се додава во извештајот.

 

 

newzz24live.com