Шест лица се удавија во четвртокот наутро кога туристичка подморница потона во Црвеното Море, додека уште 29 лица се спасени. Во инцидентот со туристичката подморница Синдбад во близина на брегот на египетскиот град Хургада, во Црвеното Море, има и деветмина повредени.
Според рускиот конзул во Египет, Виктор Воропаев, повеќето од патниците биле спасени и нивните животи не се во опасност.
„За жал, четворица наши граѓани загинаа“, рече тој.
Тој откри дека несреќата се случила на околу еден километар од брегот околу 10 часот по локално време.
Според извештаите, на подморницата имало 45 туристи од Русија, меѓу кои имало и деца.
Несреќата, според првичните информации, се случила за време на редовна туристичка екскурзија и обиколка на корален гребен во близина на брегот на Хургада.
Засега нема информации како дошло до несреќата.