Две лица загинаа при пад на авион за обука во турската област Бурса, јавува Агенција Анадолија (АА).
Вработени во централа на природен гас се јавиле во Контролниот центар за итни случаи и пријавиле дека авион се урнал на празна ливада во близина на објектот.
По пријавата, во подрачјето пристигнале голем број полициски, противпожарни и медицински екипи.
Гувернерот на Бурса, Јакуп Џанболат, за Агенција Анадолија (AA) изјави дека едномоторен авион за обука кој полетал од местото Памукова во турската област Сакарија се урнал во подрачје во близина на гасната централа.
„Две лица ги загубија животите при падот на едномоторен авион во подрачјето на Османгази“, информира Џанболат.
Тој рече дека причините за несреќата се истражуваат од сите аспекти, додека екипите продолжуваат со својата работа на теренот.
извор: Агенција Анадолија (АА).
фото: Агенција Анадолија (АА).