Турскиот претседател Ердоган утре во Анкара ќе се сретне со украинскиот претседател Зеленски

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган утре во главниот град Анкара ќе се сретне со украинскиот претседател Владимир Зеленски, соопшти турски претставник, јавува Анадолу.

„Нашиот претседател, г. Реџеп Таип Ердоган, утре, 18 февруари, во Претседателскиот комплекс ќе се сретне со украинскиот претседател Владимир Зеленски, кој ќе престојува во официјална посета на нашата земја на покана на нашиот претседател“, соопшти директорот за комуникации при турското Претседателство, Фахретин Алтун, на платформата X.

Се очекува двајцата лидери да разговараат за стратегиското партнерство меѓу Туркије и Украина, со фокус на „преглед на односите во сите аспекти“ и „чекорите што треба да се преземат за понатамошно зајакнување на соработката меѓу двете земји“.

Посетата е можност и за „размена на мислења за последните случувања во Украина“ и други важни „регионални и глобални прашања“.

 

извор: АНАДОЛИЈА