Турски воен хеликоптер принудно слета во северен Ирак: Седуммина спасени, едно лице исчезна

Турски воен хеликоптер принудно слета во северен Ирак, соопшти денес турското Министерство за одбрана, известува Агенција Анадолија (АА).

Седум од осум лица во хеликоптерот се спасени, додека во тек е потрагата по едно лице, се вели во соопштението на турското Министерство.

Хеликоптерот „Сикорски“ бил во мисија за снабдување и морал да изврши „тврдо слетување“ од технички причини во областа на операцијата „Канџа – катанец“ во северниот дел на Ирак.

Туркије покрена серија операции против терористите на ПКК во северен Ирак од 2020 година, а операцијата „Канџа-Катанац“ беше започната во април оваа година насочена кон засолништата на терористите на ПКК во северните ирачки области, особено во областите Метина, Зап и Авасин-Басјан.

Претходно, операциите Туркије „Канџа-тигар“ и „Канџа-орел“ беа започнати во 2020 година за да се обезбеди сигурноста на турскиот народ и границите преку неутрализирање на заканата од ПКК и други терористички групи кои го користат северот на Ирак за да планираат прекугранични напади.

Турските безбедносни сили водат опсежна борба против терористите на ПКК во Туркије, но и во северните делови на соседните Ирак и Сирија.

Во својата над 35-годишна терористичка кампања против Туркије, ПКК, која е ставена на листата терористички организации од страна на Туркије, САД, Велика Британија и ЕУ, одговорна е за смртта на над 40.000 луѓе, меѓу кои и жени, деца и доенчиња. ЈПГ е сириски огранок на терористичката ПКК.

извор:Агенција Анадолија (АА).

фото:Агенција Анадолија (АА).