Транзитниот бродски сообраќај во двата правца низ теснецот Чанаккале беше привремено прекинат рано утрово поради густата магла, соопштија турските власти, јавува Анадолу.
Маглата стана погуста рано утрово, а тоа доведе до значително намалена видливост.
Официјалните лица преку радио објавија дека бродовите што патуваат и од север и од југ добиле инструкции да запрат со транзитот низ теснецот.
Се очекува сообраќајот да продолжи штом ќе се крене маглата, соопштија властите.
Во меѓувреме, локалните фериботски услуги продолжуваат да функционираат и сообраќаат преку теснецот, кој води од Егејското Море до Мраморното Море и оттаму, преку Истанбулскиот Проток, до Црното Море.