Безбедносната камера снимила мечка како го крши прозорецот и влегува во работни простории на планината Улудаг, во Бурса, известува Анадолу.
Кога вработениот пристигнал на работното место во утринските часови во местото Сариалан на планината Улудаг, еден од најважните центри за зимски туризам во Туркије, забележал скршен прозорец и превртени маси, по што ги прегледал снимките од безбедносните камери.
На снимките се забележува како мечка исплашена од возилото што минувало во близина, го скршила прозорецот и влегла на работните простории, каде што ги растурила масите и столовите.