Турција: На осмиот ден од потрагата во Адијаман, шестгодишно девојче е спасено од урнатините

Шестгодишното девојче по име Мирај, кое со денови беше заробено под урнатините на зграда во турскиот град Адијаман по силните земјотреси минатата недела, беше спасено на осмиот ден од потрагата, јавува Анадолу.

Спасувачите по 178 часа од земјотресот го извлекоа девојчето од урнатините во населбата Алиташ, кое потоа е пренесено во болница.

Во Адијаман, еден од десетте турски области што на 6 февруари беа разурнати од силните земјотреси со јачина од 7,6 и 7,7 степени, со епицентар во Кахраманмараш, продолжуваат напорите за потрага и спасување на преживеаните од невидената катастрофа.

Бројот на загинати во земјотресите во јужна Туркије се искачи на 31.643, потврди денес Агенцијата за управување со вонредни состојби (АФАД).

извор:Анадолу.

фото:Анадолу.