Турција: Покривите на куќите во руралните предели на Дијарбaкир претворени во игралишта

 Земјените покриви на старите камени рурални куќи во турската област Дијарбaкир се претворени во детски игралишта, известува Анадолу.

Станува збор за проектот „Детски игри – од традиција до иднина“ што започна да ја спроведува обласната управа за национално образование.

Како дел од проектот, наставниците по физичко воспитание ги посетуваат руралните средини и се дружат со децата.

Покривите се претворени во спортски терени, а многубројните реквизити им овозможуваат на децата полесно да уживаат во игрите и спортските активности како одбојка, пикадо, бадминтон и друго.

Меѓу главните цели на проектот е да се обезбедат еднакви можности за децата и во урбаните центри и во руралните средини. Освен тоа, целта е и да се намалат негативните ефекти од зависноста кај децата од електронски уреди.

Областа Дијарбакир се наоѓа во југоисточниот дел на Туркије.

извор: АНАДОЛИЈА