Спасувачките екипи спасија околу 70 луѓе во 22 возила, кои останаа заглавени на автопатот поради снег и снежна виулица во Муш, на истокот на Туркије, јавува Анадолу.
Околу 70 лица во 22 возила беа заглавени на автопат поради неповолните временски услови.
Екипите излегоа на терен и по петчасовна работа со три машини им овозможија на граѓаните да го продолжат патот.
Операторот на градежната механизација Идрис Каракан изјави дека автопатот Мутки – Хаској е постојано затворен поради снежните бури.
Висината на снежната покривка во Муш наместа може да достигне и до четири метри.
Муш се наоѓа на истокот на Туркије, во внатрешноста на регионот на Источна Анадолија, на масивот Таурус.
Градот лежи во котлината низ која тече реката Мурат (притока на Еуфрат) на надморска височина од 1.400 метри.
Оддалечен е околу 70 километри западно од езерото Ван.
извор:Анадолу.
фото:Анадолу.