Уапсена жената која удри во пешак и побегна

Министерството за внатрешни работи извести дека вчера е уапсена и лишена од слобода С.В.М. (42) која удрила пешак со своето возило и избегала од местото на настанот. Инцидентот се случил истиот ден, околу 14 часот, на крстосницата од булевар „Кузман Јосифоски Питу“ и улица „Бојмија“, кога таа со својот автомобил „Цитроен“ удрила во пешакот А.М. (38) и потоа избегала од местото на настанот без да му укаже помош.

Како што соопштуваат од МВР, повредениот А.М. бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, каде му биле констатирани телесни повреди.

 

 

Slobodnaevropa.mk