Уапсен е ексдиректорот на Електрани на Северна Македонија (ЕСМ), Васко Стефанов пренесува 360 степени. Тој се бараше од страна на полицијата откако претходно не им беше достапен на органите на прогонот. Според информации на порталот тој престојувал во соседна држава и се вратил веднаш штом дознал дека се бара во кривична постапка.
Недостапен останува екс директорот на ЕСМ, Васко Ковачевски кој според информации од медиумите и јавноста се наоѓа во земја членка на Европската унија.
Премиерот Христијан Мицкоски денес ја прокоментира потрагата по Ковачевски кој потврди дека тој не се наоѓа во Македонија но наскоро ќе биде обезбеден и вратен назад во земјава.
Меѓу осомничените, според засега сè уште неофицијални информации се и поранешниот директор на ТЕЦ „Неготино“, Небојша Стојановиќ, поранешниот директор на РЕК „Битола“, Пеце Матевски, како и комерцијалниот директор на Електрани на Северна Македонија, Ардијан Муча.
skopjeinfo.mk