Полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Гостивар вчера попладне уапсија 43-годишен гостиварец, осомничен за извршување на „тешка кражба“.
Според Министерството за внатрешни работи, настанот се случил претходниот ден, кога осомничениот Ј.Џ. (43) одзел гулаби од 40-годишниот А.Б., жител на Гостивар.
По апсењето во 14:50 часот, осомничениот бил задржан во полициската станица. Од МВР соопштуваат дека по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.