Уапсен познат хирург од ВМА – осомничен дека со рачка од пиштол ја претепал сопругата

Познат хирург од Воено медицинската академија во Белград е обвинет дека ја тепал и ја злоставувал сопругата

Полицијата во Земун вчера интервенирала поради пријавено насилство во семејството, после што е уапсен Никола О.(48), објави vecer.press.

Според информациите што ги пренесуваат српските медиуми, било пријавено дека сопругот со пиштол ја тепа сопругата. Полицијата пред вратата на станот го затекнала 48-годишниот доктор кој е потполковник во српската војска, вработен како хирург на ВМА, а во станот се наоѓала неговата сопруга О.И (42) исто така вработена во српското Министерство за одбрана и нивните три малолетни деца. Жената била затекната со видливи повреди по лицето и телото и веднаш е пренесена во болница.

Хирургот обвинет за насилство во полицијата негирал дека ја тепал сопругата и рекол дека имале вербална кавга. Полицијата веднаш му го одзела пиштолот што легално го поседувал, како и пиштолот од неговуот брат.

Кај несреќната жена се констатирани тешки телесни повреди, скршени четири ребра, скршеница на надлактицата и хематоми по целото тело.

Претепаната сопруга иако првично криела дека е жртва на насилство, подоцна дала потресно сведоштво за страотната тортура, дека нејзиниот сопруг ја злоставувал 27 дена и дека едвај преживеала. Познатиот хирург во нивниот семеен стан повеќе пати физички и психички ја злоставувал, ја тепал и се заканувал со убиство, уринирал по неа и ја давел со кабел.

По нејзиното сведочење, Никола О. е упасен и одреден му е притвор поради семејно насилство.

Брачната двојка има три малолетни деца, кои според неофицијалните информации во српските медиуми, исто така биле тепани и измачувани од насилниот татко.

извор: vecer.press

фото: informer.rs