Најмалку три жени се убиени кога маж извадил пиштол и отворил оган за време на состанок на станари во Рим, објавија италијанските медиуми.
Извештаите велат дека 57-годишен маж бил уапсен по пукањето, кое се случило во бар во областа Фиден, каде што се одржувал состанокот на станарите, објави „Ројтерс“.
Во престрелката се ранети уште четири лица, а најмалку едно од нив се здобило со тешки телесни повреди.
Осомничениот бил локален жител кој имал серија расправии со група станари, изјави сведок за „Раи њуз“.
Министерот за економија Крешник Бектеши изјави дека очекува големо мнозинство од пратениците во Собранието да ја поддржат најавената реогранизација на…