Увозот од Албанија во Македонија зголемен повеќе од дупло

Албанскиот Институт за статистика објави дека во првите три месеци од годинава, споредено со истиот период минатата година, за над двапати е зголемен албанскиот извоз во Македонија.

Според ИНСТАТ, во периодот јануари-март во Македонија извесена е стока во вредност од околу пет милијарди лека (122 лека = 1 евро).

Според ИНСТАТ, во споредба со истиот квартал од 2021 година, извозот е зголемен за околу два милијарди леки. Во првиот квартал од оваа година, увозот се зголемил за 1,4 милијарди леки, достигнувајќи 3,6 милијарди леки наспроти 2,2 милијарди леки во првиот квартал од 2021 година, пренесува државната новинска агенција АТА.

Она што најмногу се извезува во Македонија се главно свежи земјоделски производи: домати, краставици, свежа риба, свежо јужно овошје, тестенини и друго.

Албанија и Македонија тесно соработуваат во рамки на спроведувањето на договорот ЦЕФТА од 2006 година. Трговијата меѓу двете земји е либерализирана од 2011 година, кога беа отстранети царинските тарифи, наведува агенцијата.

 

vesnik-ilinden.com