Во зоолошката градина во Скопје во убаво уредениот простор во делот за бербеските овци останаа само уште неколку откако минатата недела во вторникот при редовната контрола пронајдени биле мртви 7 берберски овци кај кои не се пронајдени знаци на повреди ниту пак имале знаци на болест.
Според процедурите записник направиле и инспектори од АХВ а причината на смртаа ќе се знае по официјалните резултати од обдукцијата на животните која ја прави ветерианрниот факултет.
Првичните сомневања се дека можно е да станува збор за трење од растението Тиса кое го има насекаде па и во кругот на зоолошката градина.
Според неофицијалните информации од зоолошката градина ќе се почека прво да се утврди официјално која е причината за загубата на овие животни а во меѓувреме се врши и внатрешна контрола дали некој од вработените им однел дел од растенито кое е отровно или тоа го направиле посетители иако на секој чекор е означено дека не смее да се хранат животниоте токму од вакви причини.
Берберските овци кои многу наликуваат на кози со поголеми рогови е вид кој е застапен во Тунис, Египет и делови на Африка.
Инаку последниве неколку години јавноста беше сведок на загубата на жирафите , на на лавот Жика на слоницата, угинаа ретките Пржевалски коњи а во октомви лани зоолошката беше затворена и заради птичји грип.