Хоророт во Скопската Зоолошка градина продолжува. Погинаа две лами! соопшти Стефан Кирков на социјалните мрежи.
– Во Куќата на стравот т.е Скопје ЗОО погинаа две Лами од редок вид, за ова од институцијата молчат како и секогаш и навистина сум згрозен од целото ова кое се случува 3 години во нашата Зоолошка градина! Според неофицијалните информации кои ги поседувам, Ламите починале викендов а првичните резултати неофицијално е дека истите починале од туберкулоза! Како се терапирани овие животни и дали, кој ги лекувал и дали ќе покаже патолошкиот наод и истрагата, наведува тој во објавата.
Како што вели, подолго време укажува и апелира дека во Скопје ЗОО нема стручен ветеринар и дека ветеринар е човек кој дo пред година дена беше аниматор за детски родендени.
Skopjeinfo.mk