Неколку деца се избодени со нож во напад на игралиште во градот Анеси на југоистокот на Франција, јавуваат светските медиуми.
Нападот се случил утрово околу 9 часот и 45 минути, а според првичните информации повредени се четири деца и двајца возрасни.
Три лица се во критична состојба.
АФП пишува дека децата се на околу три години.
Според првичните информации, полицијата привела маж за кој се претпоставува дека е мигрант. Кај него била пронајдена сириска лична карта.
Францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманин објави на Твитер за овој настан.
„Неколку лица, меѓу кои и деца, се повредени во напад на маж со нож на плоштадот во Анеси. Мажот е уапсен благодарение на брзата интервенција на полицијата“, напиша тој.