УКИМ пред штрајк: Никогаш не сме биле со пониски плати, а Владата нè игнорира

Ако до петок Владата не седне на маса со Сојузот на синдикати на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Синдикатот ќе иницира помирување пред штрајк. Претседателот на Синдикатот, проф. д-р Ангел Ристов, во гостувањето во „360 степени“ на Алсат ТВ рече дека никогаш во историјата на Универзитетот состојбата на вработените не била потешка и полоша.

Ристов вели дека во минатото платите на УКИМ биле на ниво на судии и на обвинители, а денес доцентите земаат пониска плата од просечната. Според претседателот на Синдикатот, редовен професор на УКИМ заработува 39 500 денари месечно, а платата на доцент изнесува 30 590 денари, што е под просекот во државата.

Ние сме едни од ретките држави во Европа и во светот каде еден доцент, доктор на науки, зема помала плата од просечната, рече Ристов, додавајќи дека најзагрозен е ненаставниот кадар чии плати не се покачени со години.

Правејќи споредба со примањата на колегите од регионот, Ристов вели дека во Македонија универзитетските професори се убедливо најслабо платени.

Текстот во целост на: „360 степени