Судија на претходна постапка од Основниот кривичен суд во Скопје донел одлука за укинување на притворот на Стефан Димовски, осомничен за помагање при бегството на Љупчо Палевски-Палчо.
-По предлог на надлежен обвинител за укинување мерка притвор за С.Д и определување мерки за претпазливост, судија на претходна постапка му определи мерки, забрана за напуштање живеалиште, одземање патна исправа, обврска за јавување во суд и одземање, односно забрана за користење возачка дозвола, информираат од Кривичниот суд.
Неофицијално, предлогот за укинување на притворот е на обвинителството, бидејќи за кривичното дело помагање, законот не дозволувал проодлжување на мерката повеќе од три месеци.