Заменик-шефот на Кабинетот на претседателот на Украина, Михаил Подољак, истакна дека во 4-та рунда преговори со Русија ќе побараат прекин на огнот, итно повлекување на војниците и безбедносни гаранции од администрацијата на Кремљ, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Подољак на својот профил на Твитер соопшти дека наскоро ќе започне 4-та рунда преговори со Русија.
Посочувајќи дека преговорите ќе бидат тешки, Подољак рече: „Иако Русија ја сфаќа апсурдноста на своите агресивни дејства, таа е под илузија дека 19-дневното насилство врз мирните градови во Украина се вистинскиот избор на стратегија.“
Подољак истакна дека на 4-та рунда преговори со Русија ќе бараат прекин на огнот, итно повлекување на војниците и безбедносни гаранции од администрацијата на Кремљ.
Четвртата рунда преговори меѓу Русија и Украина за постигнување прекин на огнот ќе се одржи онлајн.
извор: Агенција Анадолија (АА).