Од украинското Министерство за надворешни работи пристигна реакција на денешната пресуда за смртна казна изречена од страна на меѓународно непризнатиот суд на самопрогласената Донецка Народна Република (ДНР), за двајца Британци и еден Мароканец кои во април беа заробени од руските сили во Мариупол.
Украинското Министерство наведува дека сите тројца се активни припадници на вооружените сили на Украина и треба да ги имаат сите права што им припаѓаат на воените заробеници.
„Според меѓународното хуманитарно право, тие имаат правен статус на воени затвореници“, изјави Олех Николенко, портпарол на украинското министерство.
„На непријателот му е забрането да ги злоупотребува, заплашува и нехумано да постапува со нив“, додаде тој.
Заложничката криза во градот Карлсруе заврши. Специјалците влегле во аптеката и го уапсиле напаѓачот. Според првите информации нема повредени, соопшти…
Метеопрогнозерот Славчо Попоски објави дека најновите анализи направени со помош на најпрецизните нумерички модели во светот укажуваат дека на Балканскиот…