Украина ќе биде домаќин на Евровизија, ќе се одржи во Мариупол, порача Зеленски

Претседателот на Украина, Володомир Зеленски веднаш по победата на Украина на Евровизија се огласи на социјалните мрежи и најави дека наредна година манифестацијата ќе се одржи во ослободениот Мариупол.

“Нашата храброст го импресионира светот, нашата музика ја освојува Европа!
Следната година Украина ќе биде домаќин на Евровизија! По трет пат во својата историја. И верувам – не е последен.
Ќе дадеме се од себе да бидеме домаќини на учесниците и гостите на Евровизија во украински Мариупол.
Ослободен, мирен, повторно изграден”, напиша Зеленски на Фејсбук.

Тој се заблагодари за целата поддршка, за земјата и за украинскиот претставник Калуш.

 

brif.mk