Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека 155 кинески државјани се борат на страната на Русија

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави во средата дека разузнавачката служба на неговата земја има информации за 155 кинески државјани кои се борат на страната на Русија против Украина, тврдење кое Пекинг го негираше.

Зеленски им рече на новинарите во Киев дека Русија регрутира кинески граѓани преку социјалните мрежи и дека кинеските власти знаат за тоа. Украина, рече Зеленски, се обидува да утврди дали регрутите добиле инструкции од Пекинг.

Пекинг ги отфрли обвинувањата на Киев дека голем број Кинези се борат на страната на Русија во војната во Украина, велејќи дека обвинувањата се „неосновани“.

Во вторникот Зеленски пријавил заробување на двајца кинески државјани кои се бореле во источна Украина како дел од руската армија.

 

 

4news.mk