-Подготвени сме за враќање на претседателот Трамп и сме во преговори со Америка за да постигнеме добар договор, рече Орбан во објава на Фејсбук.
Говорејќи за првиот самит на ЕУ по инаугурацијата на Трамп, кој се одржа во Брисел, Орбан рече дека тоа е „чудна средба“ и дека повеќето во Брисел мислат дека можат „да го избегнат Трамп“, но тоа, како што истакна, „не можно.”
Орбан истакна дека Трамп „го сврте светот наопаку“ преку мерките што ги презеде во првите денови од неговиот мандат, нагласувајќи дека во САД веќе нема „панично разгледување на родовите прашања“, финансирање на организации поддржани од Џорџ Сорос, ниту поддршка за илегалната миграција или војната меѓу Русија и Украина.
-Сите обиди што бирократите од Брисел се обидоа да ни ги наметнат во последните години завршија, рече Орбан, додавајќи дека правилата на светската трговија ќе бидат променети и дека Трамп ќе ги штити интересите на Америка, дури и на штета на Европа.
Орбан истакна дека е неопходно да се постигне договор за да се зачуваат економските врски со Америка, додавајќи дека добар договор може да се постигне само меѓу оние кои меѓусебно се почитуваат.
denesen.mk