Урсула фон дер Лаен под истрага за набавката на Фајзер вакцините

Европската јавна обвинителка Лаура Ковеси за време на посетата на Загреб изјави дека е покрената истрага во врска со набавката на вакцини против корона вирусот од страна на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лаен.

„Добивме поплаки од поединци и ја имаме таа обврска ова да го истражиме, така што случајот беше отворен пред неколку месеци врз основа на тие поплаки“, рече Ковеси, како што јавија хрватските медиуми, објаснувајќи дека е покрената истрага во врска со набавката на вакцините против корона вирусот и улогата на Урсула фон дер Лајен во тој процес.

„Имаме многу искусни обвинители, професионални и храбри. Нашата независност е загарантирана. Ги имаме сите потребни алатки за да спроведеме каква било истрага и што е уште поважно, законот е еднаков за сите“, вели Ковеши.

„Њујорк тајмс“ пред извесно време извести дека личниот контакт на извршниот директор на „Фајзер“, Алберт Бурла, и претседателката на Европската комисија, бил клучен за склучување на договорот во вредност од повеќе милијарди евра.

 

mkd.mk