Успешно тестиран првиот електричен летечки автомобил

Американската фирма ‘Алеф Аеронаутика’ (Alef Aeronautics) успешно спроведе револуционерен тест во урбана средина во кој целосно електрично возило полета вертикално по возењето на патот, со успешно слетување по летот, пренесува Анадолу.

Ова е прв јавно снимен тест од ваков вид, по што се разликува од претходните демонстрации кои вклучуваа писта.

Тестирањето, кое се одвиваше под строги безбедносни мерки, се спроведе на пат кој беше затворен, немаше персонал на патеката на летот и се почитуваа сите соодветни мерки на претпазливост. Официјални лица потврдија дека тестот бил завршен без никакви безбедносни инциденти.

Врз возилото се извршени подобрувања, како што се намалување на тежината и структурни подобрувања направени во текот на изминатата година, овозможувајќи му поефикасно полетување.

„Овa тест возење и лет претставуваat важен доказ за технологијата во реално урбано опкружување“, рече Џим Духовни, извршниот директор на ‘Алеф’, изразувајќи надеж дека ова е потврда дека е можен нов начин на транспорт.

Инженерите вклучени во проектот го споредија овој момент со историскиот прв лет на браќата Рајт, наведувајќи дека тоа е значаен чекор кон нова ера во транспортот.

Регистрирани се над 3.300 пред-нарачки за возилото, кое е дизајнирано да биде легално на патиштата и целосно електрично со можности за вертикално полетување и слетување.

‘Алеф Аеронаутика’, со седиште во Сан Матео, Калифорнија, е фокусиран на транспорт, дизајнирање патнички автомобил на електрична енергија легален на патиштата, способен за вертикално полетување и лет.

 

извор: АНАДОЛИЈА