Пензионерите ќе добијат зголемување од 2.500 денари со мартовската пензија. Таа ќе биде исплатена на крајот на март или почетокот на април. Со ова покачување, вкупното линеарно зголемување достигнува 5.000 денари Според премиерот Христијан Мицкоски, ја намалува разликата меѓу најсиромашните и најбогатите граѓани.
Мицкоски откри дека Светска банка и Меѓународниот монетарен фонд побарале зголемување на старосната граница за пензионирање. Сепак, Владата се спротивставила на ова барање, дозволувајќи работа до 67 години само за оние кои тоа го сакаат.
Дополнително, ММФ инсистирал на зголемување на ДДВ-то и воведување променлив данок, но Владата одлучно го одбила ова, нагласувајќи дека ќе се придржува кон рамниот данок.
Владата обезбеди кредит од 250 милиони евра со каматна стапка од 1,95 проценти, насочен кон поддршка на компаниите. Според Мицкоски, има интерес за финансии во вредност од 500 милиони евра, што може да создаде 10.000 нови работни места.
Дополнително, најавено е барање нови финансиски средства за поддршка на стопанството, со цел одржување на економската стабилност и зголемување на капиталните инвестиции.