Утре (19 јануари) многу ладно, особено наутро, по котлините со магла и ниска облачност!

Утре (19 јануари) на големиот Христијански празник, Богојавление – Водици, во утринските  и во претпладневните часови, и тоа кога се фрла Светиот Крст во водите на реките  и езерата низ Македонијаќе имаме ведро и многу ладно време, со исклучок на котлините каде ќе има појава на магла  и на ниска облачност. Ќе биде претежно тивко.

Наутро насекаде температурите ќе бидат многу ниски и ќе се спуштаат во интервалот од -10 до -1 степен, а во делови од Македонија, особено во Беровскиот регион температурата би можела да се спушти и под-10 степени, како што беше  и денес, каде беа измерени -12 степени.

Во Скопје исто така утре (19 јануари) претпладнето ќе има појава на магла  и на ниска облачност, а ќе биде и многу ладно со температура под нулата, особено наутро кога таа ќе се спушти до околу -5 степени. Ќе биде претежно тивко.

Во текот на попладнето ќе биде претежно сончево на повеќе места низ Македонија, со исклучок на некои котлини, особено оние во Повардарието каде маглата и ниската облачност би можела да се задржи и во текот на целиот ден, па токму на овие места и во текот на целиот ден ќе остане ладно и со пониска максимална температура.

Утре (19 јануари) максималните дневни температури во Македонија ќе се искачуват во интервалот од 6 до 12 степени, во Скопје максималната температура ќе остане пониска и ќе се искачи само до околу 4 степени, најавува метеопрогнозерот Славчо Попоски.

 

 

 

 

 

meteoalarm.mk