Утрово најстудено на Попова Шапка – еве каде има најмногу снег!

Утрово најниска температура е измерена на Попова Шапка, каде што термометарот покажа -1 степен.

Следуваат температури од 1 степен во Лазарополе, 2 степени во Маврови Анови, Куманово, 3 степени во Крушево, 4 степени во Скопје-Зајчев Рид, Тетово и Крива Паланка, 5 степени во Скопје-Петровец, Берово, 6 степени во Велес, Штип, Прилеп и Битола, 7 степени во Охрид, Претор, Виница, Кавадарци, Дебар и Струмица, и 8 степени во Гевгелија. Најтопло е во Демир Капија со 9 степени.

Што се однесува до снежната покривка, најголема е во Маврови Анови и Попова Шапка, каде што изнесува 40 сантиметри, додека во Крушево е измерено 12 сантиметри.