Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса денес времето ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд. Попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен југозападен ветер. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе започне да дува засилен северен ветер што ќе услови на планините и на некои повисоки места врнежите да преминат во слаб снег. Утре ќе биде ветровито и студено со значително пониски дневни температури. Ќе дува силен северен ветер, наместа со брзина и над 70 км/час. Потоа во следните денови времето ќе биде стабилно со пониски утрински температури, а дневните ќе бидат во постепен пораст.
ухмр