Ученик на Техничкото училиште во Железник, во Белград, утрово бил избоден со нож во дворот. Со возило на итната медицинска помош бил пренесен на Ургентниот центар.
-Ученик од нашето училиште е повреден. Полицијата во моментот е во училиштето, се врши истрага, кратко изјавиле од училиштето за „Евроњуз Србија“.
Ученикот е повреден околу 8 часот.
Извор: „Евроњуз Србија“