Училиштата на северот на Косово нема да работат, премините Јариње и Брњак се уште затворени

Премините Јариње и Брњак на северот на Косово се уште се затворени и за пешаци и за сообраќај, а единствениот премин е преку Мердар. Од Јариње до Звечани има неколку барикади, а најмногу луѓе има на барикадата кај Рударе, кај крстот, каде сообраќајот од Звечани кон Приштина е целосно блокиран. Барикада е поставена и на патниот правец Митровица – Зубин Поток, кон точката Брњак. Како што е најавено, училиштата на северот на Косово денеска нема да работат.

 

Радио Слободна Европа