Силен земјотрес со јачина од 5,2 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди источниот дел на Турција.
Земјотресот се случил на длабочина од околу 5 километри, околу 12:04 часот по локално време.
Епицентарот на земјотресот бил на 123 километри северо-северозападно од градот Шанлиурфа и околу 11 километри јужно од Малатија во Турција.
Овој земјотрес ги загрижи граѓаните, а многумина ги оставија своите коментари на веб-страницата EMSC (Европско-медитерански сеизмолошки центар).
Многумина истакнаа дека почувствувале земјотрес и дека околу нив се тресело.
„ „Го почувствував земјотресот додека лежев во кревет во Газиантеп, но веќе се навикнавме на ова“, се вели во коментарите.
Земјотресот е почувствуван и во Сирија во градот Алепо.
nova.rs