Уште една група на Телеграм повторно со име „Јавна соба“ – скопјанка вознемирувана поради монтирани слики

Уште една група на Телеграм повторно со име Јавна соба и со иста цел, објавување на фотографии, фото-монтажи, податоци од социјални мрежи и телефонски броеви на девојки од Македонија, објави Телма. Викендов се појавила на Телеграм, група со име „Јавна соба-резерва“, а девојка со која контактирала Телма тврди дека и биле објавени податоци од профилот на ФБ со  фотографии со порнографска содржина.

Повеќе часови, на неа и стигале непристојни пораки и била малтретирана по интернет. Поради големи непријатности скопјанката која не контактираше ни рече дека го затворила профилот на социјалната мрежа.

Од сликите кои ни ги покажа се гледа дека групата има над 1.340 членови, а податоците за оштетената скопјанка ги ставил профил со лажно име Артун Шелби.

Ова е веќе трет пат, групи мажи да отворат група на Телеграм под име Јавна соба на која споделуваат податоци за девојки после што тие се малтретирани и сексуално вознемирувани. Често се користат фотографии од разголени девојки, интимно споделени со партнерите кои ја злоупотребиле довербата на девојките, но се почесто има и лажни фотографии со вистински податоци на вознемируваните жени.