Инспектори на Управата за јавни приходи (УЈП) вечерва влегле на настанот во локал во Штип организиран од Бојан Јовановски, познат како Боки 13, и Стефан Лазаров поради организирање на наградна игра без дозвола, објави Радио Лидер.
Билети за наградната игра, договори за деловна соработка, документација и кеш пари запленила Управата за јавни приходи вечерва во локалот во Шрип во кој Боки 13 и Стефан Лазаров незаконски организираат наградна игра.
Двајцата во неколку наврати за време на настанот од бината соопштија дека не станува збор за наградна игра, но, самото извлекување на добитници на награда и самото тоа што се купуваат билети за настанот, во согласност со законот јасно дефинира дека станува збор за наградна игра. За приредување на ваква наградна игра, Боки и Лазаров немаат дозвола од Министерството за финансии.
faktor.mk