Денеска (21.12.2024) околу 12.20 часот полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка-Отсек потраги во содејство со полициски службеници од СВР Куманово на бул. „Трета Македонска ударна бригада“ во Куманово ги лишија од слобода Е.П. (31) од Скопје и Д.С. (41) од Кочани, кои биле барани поради бегство од затвор. Е.П. бил баран по потерница од КПУ Затвор Штип, а бил осуден на затворска казна од девет години за кривично дело по чл.418 од КЗ (криумчарење мигранти) и за доиздржување има шест години, три месеци и 12 денови. Д.С. бил баран по потерница од КПУ Затвор Струмица, а бил осуден на затворска казна од седум години за кривично дело по чл.236 ст.1 од КЗ (тешка кражба) и за доиздржување има една година. Лицата ќе бидат предадени на надлежните казнено поправни установи.
Related Posts
Бугарите, кои пцуеја полицајци, добија парична казна, протерување и три години забрана за влез во Македонија
По 300 евра парична казна, протерување од Македонија и три години забрана за влез во државата добија тројцата бугарски државјани…
Тошковски: Заедничката соработка и партнерството продолжуваат, вредна германска донација за зголемување на капацитетите на интервентната полиција
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денес во полицискиот центар во Ѓорче Петров оствари работен состанок со германскиот амбасадор, Н.Е.…
Димитриевски: Истакнувањето на обележја на т. н. голема Албанија и неинтонирање на државната химна е спротивно на Уставот и Законите, за ваков ли соживот се боревме под паролата “Едно општество за сите”
Градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски го осуди вчерашниот протокол и организација при пречекот на косовскиот премиер Албин Курти во…