На 18.12.2024 околу 23.45 часот во населба Средорек во Куманово, полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка-Одделение за потраги во содејство со полициски службеници од Одделението за криминалистички работи Куманово ги лишиле од слобода И.Р.(25) и Е.И.(23), двајцата од Скопје, а кои биле барани по централни потерници поради бегство од Казнено – поправните установи Затвор Идризово и Затвор Струмица. И.Р. бил осуден на казна затвор од шест години за сторено кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик, а имал за доиздржување пет години и девет месеци од казната. Додека, Е.И. бил осуден на казна затвор од една година за сторено кривично дело „тешка кражба“. Лицата биле спроведени во казнено – поправните установи за доиздржување на казните.
Related Posts
Голема полициска акција во Грчец, се вршат претреси и се апсат членови на криминална група
Голема полициска акција во Грчец,се прават претреси и во Дуќанџик, Чаир, и на неколку други локации. Неофицијално има неколку уапсени…
Левица тргна на 150 километарски марш во чест на 120 годишнината од смртта на учителот Делчев
Утринава, тим составен од високи претставници од Централниот комитет на Левица, тргнаа од Гевгелија на тридневен марш кон вечното почивалиште…
ЦУК: Вкупно 12 активни пожари на територијата на Македонија
Во текот на вчерашниот ден, среда, 14.08.2024 година, имаше вкупно 49 пожари на отворен простор, од кои во моментов 12…