Денеска во 14.10 часот во круг на фабрика на ул.Владимир Полежановски во Скопје од полициски службеници од СВР Скопје од слобода биле лишени Е.А.(31) и С.А.(43), двајцата од Скопје.
Тие биле фатени на дело како во патничко моторно возило “поло” со гостиварски регистарски ознаки го товараат украденото.
По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок, соопшти полицијата.
Основното јавно обвинителство Скопје поведе истражна постапка против 33-годишник од Арачиново, бидејќи постои основано сомнение дека сторил кривично дело –…