На 10.01.2025 околу 18.30 часот од страна на полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка- Отсек потраги, по претходно преземени оперативни мерки, на ул.„Бапчор“ во Скопје лишен од слобода е А.С. (44) од Анкара, Турција. кој бил баран со меѓународна потерница од Интерпол-Турција поради бегство од затвор во Турција. А.С. е осуден на казна затвор во траење од 23 години, еден месец и 15 дена за сторени кривични дела измама и навлегување во компјутерски систем, а за доиздржување има 18 години, девет месеци и 13 денови. А.С. е предаден на надлежниот суд, за понатамошна постапка околу екстрадицијата во Турција.
Related Posts
Мицкоски: Власта е полна со паразити кои земаат плата а не работат ништо, мора да има плата по учинок
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во утринската емисија „Еспресо со Златев и Боцевски“ во Радио Лидер вели дека во државата…
Стоилковски: Спасовски да одговори дали постои видео како Ариф Асани влијае за пуштање на пукачот во Чаир?
СДСМ и МВР на Оливер Спасовски молчат за каубојската оружена пресметка во скопски Чаир. Вчера не одговорија дали за лицето…
Презентација на плановите за развој на Ски-центарот на Попова Шапка
„Големо задоволство е што успеавме да добиеме сериозна понуда од страна на реномирана европска компанија од Јужен Тирол, ТехноАлпин којашто…