На 06.11.2024 во 23.30 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода Ѓ.А.(41) од Струмица веднаш по извршување кражба во тобако во Струмица, од каде што одзел чанта со пари и лични документи. Кај него била пронајдена чантата и била вратена на оштетената. По извршени проверки било утврдено дека лицето било барано по потерница за издржување казна затвор од една година за сторено кривично дело „тешка кражба“, по што било спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Струмица за издржување на казната. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.
Related Posts
Почина Ферид Мурад – светски познат лекар и нобеловец со потекло од Македонија
Мурад, светски познат лекар, по потекло од Македонија, е роден во 1936 година, а во 1998 ја доби Нобеловата награда…
(ФОТО) Бочварски: Ги пречекавме првите патници од првиот лет Скопје – Софија, воспоставуваме нови авионски врски
Утрово на Меѓународниот аеродром Скопје, министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, ги пречека патниците кои пристигнаа со првиот комерцијален…
Поради мини ремонт исклучен Блок 2 во РЕК Битола
Во РЕК Битола започнаа активностите за нега и санација на Блок 2. Како што информираат од компанијата, мини ремонтот на…