Фондот за здравствено осигурување на Република Северна Македонија (ФЗОРСМ) известува дека системот „Мое Осигурување” функционира за осигурениците во цела држава, со тоа што поради технички прилагодувања, во целосна функција ќе биде ставен до крај на денот.
-До овој момент „Мој термин” ги има преземено податоците заклучно со денешен датум, 20 февруари 2023. Сите платени придонеси од сите обврзници се евидентирани во Мој Термин. Ова значи дека сите здравствени работници и аптеки имаат можност да го проверат статусот на осигурување во Мој Термин, соопштија денеска од ФЗОРСМ.
Оттаму информираат дека активно работат и на системот за исплата на плати, породилни боледувања и други рефундации. Очекуваат во текот на денов враќање и на останатите состеми. Сите информации, како што најавуваат, веднаш и благовремено ќе бидат споделени со јавноста.
sitel.mk