Мал приватен авион се урна во метрополата Филаделфија среде населба со многу продавници, куќи и густ сообраќај. Ва авионот кој превезувал шест лица нема преживеани. Ова е втора смртоносна авионесреќа во САД неделава.
Два дена по авионската несреќа во Вашингтон со повеќе од 60 загинати, мал медицински транспортен авион во кој се наоѓале болно девојче, нејзината мајка и уште четири лица членови на екипажот се урна во станбена зона во Филаделфија во американската сојузна држава Пенсилванија, набргу по полетувањето. Според првичните информации нема преживеани. Сите жртви се државјани на Мексико, потврдија мексиканските власти
Авионот се урнал на фреквентна крстосница во населбата Ронхарст, во близина на трговскиот центар Рузвелт.
Авионот експлодирал во воздух, а предизвиканиот пожар зафатил неколку куќи во областа, оштетени се и неколку автомобили.
Леталото од типот Леарџет 55, кој полетало од аеродром во североисточниот дел на Филаделфија и било на пат кон мексиканскиот град Тихуана, исчезнал од радарот неколку минути по полетувањето во 18:06 часот по локално време.
Летот бил на пат кон Спрингфилд, а авионот е регистриран на компанијата Џет рескју еар амбјуланс (Jet Rescue Air Ambulancе).
Сведоци наведуваат дека слушнале силна бучава пред да видат пламен. Шаи Голд, портпарол на авиокомпанијата, потврди дека во авионот се наоѓала девојчето, која храбро и силно се борела за да ја преживее тешката болест. Во авионот биле мајката на девојчето, пилот, копилот, лекар и техничар, кои се погрижиле детето безбедно да стигне дома.
Леарџет 55, кој често се користи за медицински транспорт на критични пациенти, е спас за пациентите како девојчето кое било во авионот.
DW