Филипче: Раздвојувањето на Албанија и Cеверна Македонија е тежок пораз на политиките на Владата

Лидерот на опозициската СДСМ, Венко Филипче денеска истакна дека раздвојувањето на Албанија и Македонија на патот кон Европската Унија е тежок пораз на политиките на Владата.

„Раздвојувањето на Албанија и Cеверна Македонија е тежок пораз на политиките на Владата, на планот на европската интеграција на државата, но пред се ова е огромна катастрофа за иднината на граѓаните“, порача Филипче.

Според него, оваа пропуштена шанса ќе се одрази на многу семејства и уште една цела нова генерација.