Полицијата во Мостар трага по разбојниците кои денеска украдоа сеф од менувачницата во трговскиот центар Бинго, потврдија за Дневни аваз од Министерството за внатрешни работи на Херцеговско-неретванскиот кантон.
Во саботата наутро, околу 04:30 часот, обезбедувањето на „Флек секјурити“ пријавило упад во банкоматите во тој објект.
Кога полицијата дошла на местото на несреќата констатирала дека на влезот се оштетени две лизгачки врати и дека на банкоматите нема знаци на упад.
Утврдено е и дека сторителите со автомобил „пасат“ со хрватски регистарски таблички се оддалечиле од местото на настанот.
Недолго потоа дознале дека од менувачницата која се наоѓала до влезната врата е украден сеф во кој имало поголема сума пари, потврдил Људевит Мариќ, портпарол на Управата на полицијата.
Имено, разбојници украле Пасат од паркингот кај Студентскиот дом, а сопственикот на автомобилот пријавил во полиција во четири часот.
Разбојниците го возеле тој автомобил во рикверц и удриле во влезната врата, по што се вовлекле до сефот и го украле. Автомобилот подоцна бил пронајден во селото Врапчиќи, на местото на каменоломот.
Полицијата ги презема сите неопходни мерки и дејствија со цел расчистување на ова разбојништво.
24sata.hr