ФИНКИ 14.роденден го посвети на на својот студент Спире Стоименов кој го загуби животот во пожарот во Кочани

Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) денес ја одржа свечената промоција на дипломираните и магистрираните студенти за академската 2023/24 година, започнувајќи со едноминутно молчење во чест на жртвите од трагедијата во Кочани.

Настанот беше посветен на студентот Спире Стоименов, еден од 59-те загинати во пожарот, како и на четворицата повредени студенти – Ана Захариева, Анастасија Соколова, Јорданчо Ефтимов и Петар Стојменовски, кои сè уште се лекуваат.

– Нашиот драг колега Спире беше активен учесник во организацијата на претходните свечености за Денот на факултетот и пример за студент кој посветено придонесуваше за развојот и промоцијата на ФИНКИ. Оваа церемонија ја посветуваме на него – беше истакнато на отворањето на настанот.

Министерката за образование и наука, Весна Јаневска, им порача на дипломираните да продолжат да се усовршуваат, но и да останат во земјава и да помогнат во нејзиниот развој.

 

 

4news.mk