ФИФА ги откри 16-те града кои ќе бидат домаќини на Светското првенство 2026

Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) рано денеска ги откри градовите домаќини на Светското првенство во 2026 година, со 11 места избрани во САД, пренесува Агенција Анадолија (АА).

ФИФА на Твитер објави дека 16-те града кои се избрани за домаќини на Светското првенство во 2026 година се Атланта, Бостон, Далас, Хјустон, Канзас Сити, Лос Анџелес, Мајами, Њујорк/Њу Џерси, Филаделфија, Сан Франциско, Сиетл во САД, Гвадалахара, Мексико Сити и Монтереј во Мексико, а Торонто и Ванкувер во Канада.

Ова Светско првенство ќе биде првото на кое кодомаќини ќе бидат три земји и натпреварот ќе вклучува 48 тима, повеќе од 32-та претходно.

САД последен пат беа домаќини на Светското првенство во 1994 година.

Мексико, пак, беше домаќин на финалето на Светското првенство двапати, во 1970 година и во 1986 година.

За првпат, Канада ќе биде домаќин на Светското првенство за мажи.

извор: Агенција Анадолија (АА).

фото: Агенција Анадолија (АА).