Фон дер Лајен: Безбедноста на Европа е на пресвртница

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денес изјави дека безбедноста на Европа е во критична точка, нагласувајќи ја потребата од итно зголемување на одбранбените напори, јавува Анадолу.

„Само што пристигнав во Париз на клучни разговори. Безбедноста на Европа е на пресвртница“, напиша Фон дер Лајен на X.

„Да, се работи за Украина – но се работи и за нас“, додаде таа.

Повикувајќи на преземање итна акција, таа ја истакна неопходноста од усвојување „итно сфаќање (на ситуацијата)“ и забрзување на одбранбените мерки.

Европските лидери попладнево во Париз се на средба за разговори за регионалната безбедност поради загриженоста за промената на приоритетите на САД и војната во Украина.

Францускиот претседател Емануел Макрон е домаќин на лидерите од Велика Британија, Германија, Полска, Италија и Данска, како и генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, јавија медиумите.

Разговорите доаѓаат по извештаите дека американскиот претседател Доналд Трамп разговарал за војната во Украина со својот руски колега Владимир Путин, што Киев и сојузниците ги фати неподготвени.

Вашингтон, исто така, го предупреди НАТО дека Европа повеќе нема да биде нејзин главен безбедносен приоритет бидејќи се фокусира на Кина.

 

извор: Анадолија